Свеќарски занает![]() Свеќарски занает — изработка на свеќи од восок и парафин, како и други восочни фигури. ИсторијатСвеќарскиот занает почнал поинтензивно да се развива во Македонија по изградба на црквата Св. Благовештение во 1838 г.[1] Меѓу најстарите мајстори свеќари се неколкумина по потекло од Дебар. Во периодот од 1913 до 1956 година бројот на дуќани варирал, и во градовите имало од 10 до 13 мајстори, во Скопје, Прилеп, Кичево, Крушево, Велес, Штип, Дебар и др. За време на војната биле изработувани лоени свеќи кои биле употребувани за осветлување. Покрај свеќи се изработувале и разни видови на украсни восочни фигури. Материјали, алати и начин на изработка![]() Како основен материјал за израбортка на свеќите бил парафинот, покрај памучниот конец. Парафинот најчесто се носел од Риека или од Бугарија. Од материјали се користел восок, но тој бил многу скап и крајната цена би била повисока. При изработка на така наречени „брцани свеќи“ се користи казан во кој се спуштаат памучните конци прицврстени за една штица и се натопуваат (се брцаат) во казанот додека да се добие потребната дебелина на свеќата, а потоа се сечат според саканата форма со топол нож. Вториот вид ан свеќи се изработуваат на потежок начин. На една основа која е со два барабана и е со конусна форма со дупки, се ставаат памучни конци и се врти додека да се добие саканата дебелина и форма на свеќите. Самиот процес на топење на парафинот и восокот се врши во специјални казани кои се загреваат со дрва.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia