Дограмаџиски занает

Дограмаџиски занает е занает за обработка на дрво и спаѓа во групата на дрводелски занаети. Дограмаџиски занает подразбира изработка на  дрвенарија за куќи, како што се: изградба на кровови, кровни конструкции, душемиња, тавани, изработка и поправка на врати и прозорци.  Освен тоа дограмаџиите за време на турското владеење изработувале и миндари, долапи, шарени ковчези, канабиња. Подоцна се занимавале и со изработка на скали, сводови и мебел. Лицето што ги изработува овие предмети од дрво се нарекува дограмаџија. Дограмаџиски занает вклучувал градежни работи за изработка и монтажа на дрвени конструкции за мостови, бродови и делови, кои се карактеризираат со помалку внимателна  обработка на дрвото во споредба со столарската работа.

Историја на занаетот

Заедно со каменот, дрвото е меѓу најстарите градежени материјали. Способноста да се обликува во алатки, засолниште и оружје се подобрувал со технолошкиот напредок од каменото доба до бронзеното доба до железното време.

Во дограмаџискиот занает како основна суровина за преработка го користат дрвото кое е најстариот градежен материјал од едноставна причина што овозможувало да се изградат едноставни структури со многу малку алатки или дури и без нив. Затоа, кога луѓето почнале да градат, прво користеле дрво за да направат едноставни колиби или конструкции како шатори. Со развојот на човечкото општество и усовршувањето на алатите, дрвото почнало да се користи за посложени градби, а и денес е незаменлив градежен материјал. Дограмаџискиот занает, со грубата обработка на дрвото кое датира од периодот на првите засолништа за луѓе, куќи и бродови. Скоро сите бродови биле направени од дрво до крајот на 19 век, но и денес останува многу важна суровина во бродоградбата. Дрвото од брест е особено широко користено за овие цели, бидејќи е многу отпорно на распаѓање се додека е влажно.

Занаетот во Македонија

Дограмаџискиот занает според турските документи за македонската историја во почетокот на 19 век поточно во записи се спомнува дека е исплатена сума за изработени прозорци во 1803 година, подоцна 1809 година се споменува дограмаџија Халил дека му е исплатена плата за дограмаџиски услуги[1]. Развитокот на овој занает може да се претпостави и со специфичниот ентериер на турските куќи. За тие поттеби се изработувале сергени, миндерлаци, долапи и сл. Колку дограмаџии имало во овој период не е познато.[2] Многу малку податоци има за дрвопреработувачките занаети во Македонија до 1914 година[3] според истражувањата кои биле вршени во државните архиви. До 1914 година во Македонија постоеле примитивни пилани поточари кои претежно биле лоцирани во иглолисни шуми и воглавно се обработувале четинари односно борови стебла.[3] Во Источна и Западна Македонија постоеле такви пилани поточари и на нив работеле по 4 луѓе во нив биле вклучени и луѓето кои ги сечеле дрвата и вршеле дотур на трупци за обработка. Кога ќе ги обработеле трупците во греди и штици ги товарале на коњи или магариња и ги носеле до потрошувачите или до керестеџиите. Сечата на дрва била во сопствени или државни шуми не постоела контрола и многу места имало некотролирано сечење на дрвата.

Онаму каде имало услови биле градени сплавови и дрвените греди и друг дрвен градежен материјал бил транспортиран преку реката Вардар и до Солун. Во периодот од 1914 година до 1941 година дрведелските занаети биле доста развиени и во Охридско -струшкиот регион[4] како и во други области во Македонија. Дограмаџиите  традиционално работеле со природно дрво кое се подготвувало со цепење (режење), резба или пила со јамска пила или пила наречена граѓа. По Првата светска војна столарите од Охрид се организирале и си формирале свој еснаф. И во Кратово бил доста развиен овој занает што може и да се потврди со предметите од дрво кои биле изработувани за домашни потреби како ноќви различни видови на софри и ковчези за алишта и ковчези за невести.

За занаетот

Столарите и дограмаџиите често се мешаат. И покрај тоа што и двете гранки имаат обработка на дрво како предмет, постојат значителни разлики меѓу нив. Работата на столарите вклучува создавање предмети за домаќинството и мебел од разни видови дрво и дрвени материјали, дограмаџиите создаваат поголеми дрвени конструкции (врати ,прозори, порти, покриви на куќи, чамци, бродови) и нивни делови.

За изведување на дограмаџиски работи, тие ги користеле следните дограмаџиски алатки: секири, рачни пили и клинови.

Материјалот што се користел за дограмаџиски работи е дрво (главно иглолисни дрвја), како и производи од дрво: трупци, греди, даски, летви.

Дограмаџиите го обработувале дрвото со помош на рачни алатки (пила,  секира, длета, сврдли. Ротационата дупчалка  е рачна алатка за дупчење дупки во дрво и други меки материјали, со рачка во форма на држач).

Во градежништвото, дрвото се користело за сите делови на куќата: за темели (во колиби или за дрвени куќи), за ѕидови (во трупци), за столбови, греди итн. Се користел и како покривен материјал во форма на ќерамиди.

Во градежништвото дрвото е поделено на две класи: тврдо дрво и иглолистено дрво. Во првата класа спаѓаат листопадни дрвја: даб, бука, габер, габер и др., а во втората класа главно спаѓаат четинарите: ела, смрека, ариш, бор, но и топола. Мекото дрво има помала носивост, но исто така полесно се обработува и транспортира од тврдото дрво и затоа почесто се користи.

Денес дрвото се обработува во современи пилани со употреба на електрични алати или индустриска опрема.

Поврзано

Наводи

  1. Хр.Константинов, Милош (1961). „Занаети и еснафи во Битола и околијата“. Научно друштво Битола. Битола: 47.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Хр. Константинов, Милош (1961). Занаети и еснави во Битола и околијата. Битола: Научно друштво Битола. стр. 47.
  3. 3,0 3,1 Анѓелов, инж.Крум (1965). „Преработка на дрвото во С.Р. Македонија до 1914“. Списание Дрвна индустрија: 46.
  4. Митрески, д-р Павле (1983). „Занаетчиството во Охридско - струшкиот регион 1918 - 1970“. Студентски збор. Скопје: 110.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya