Јорганџиски занает

Јорганџиски дуќан во Старата скопска чаршија

Јорганџиски занает – традиционална рачна изработка на јоргани. Јорганџиски занает е занает со кој рачно се изработувале јоргани и перници полнети со памук или волна. За негова изработка биле потребни и неколку дена. Во тесна врска со јорганџискиот занает биле и алачки или дрндарски занает.

Историјат

Јорганџискиот занает, започнал да се развива во градските средини со зачестената употреба на кревети во домаќинствата.

Во текот на втората половина  XIX век, јорганџискиот занает[1] бил особено развиен, речиси во сите поголеми градови во Македонија. Во тој период јорганџии најчесто биле луѓе од турска националност. Во почетокот на XX век до почетокот на втората светска војна со појавата на креветите се појавила и поголема потреба од јорганџискиот занает. Јорганџиите за да го совладаат занаетот најпрвин работеле како чираци, па потоа биле унапредувани како калфи и накрај биле јорганџиски мајстори.   

Во Скопје во Старата чаршија постоела и таканаречена Јорганџиска улица.[2] Во почетокот на 20 век во Скопје работеле околу 18 јорганџиски работилници со околу 150 вработени[3]. Во 1928 година јорганџиите имале свој еснав и печат,[4] а слава на јорганџискиот занает бил празникот Петровден.

Во една работилница биле вработувани околу 18–тина луѓе. Покрај јорганџииите кои ги потшивале јорганите и перниците имало и други вработени.

Вработените лица кои го растресувале памукот и волната кои служеле за полнење на   јорганите и перниците ги нарекувале алачи или дрндаџи. Алачите претходно ги дрндале или влачеле памукот или волната пред да се наполни јорганот. Следна постапка била „тепање“ на јорганот од двете страни најмалку два часа за правилно да се распореди памукот или волната помеѓу ткаенината. Тие работеле по куќите или дуќаните кога јорганџиите ги  канеле алачите да им ја издрндаат волната или памукот кои им требале за полнење на јорганите.

Јорганџиите рачно со игли ги шијат јорганите.[5] Убодите кои ги прават со иглите додека ги  шијат јорганите треба да бидат со иста големина и прави. После секој трет убод со иглата се врзувало јазли за да не се распара платното на јорганите. Шиењето на јорганите барало особена вештина и прецизност. Во еден рачно изработен јорган имало приближно од 100.000 до 120.000 убоди со игла.

Јорганџиите биле мајстори на својот занает и успевале се да биде подеднакво совршено сошиено. Во минатото било традиција јорганот да биде составен дел од миразот на девојката.

Оваа дејност се пренесувала од колено на колено, преку неа се создавала традицијата и културното наследство, сѐ до појавата на фабричката изработка. Денес постојат неколку јорганџии занаетчии[6] во Македонија.

Наводи

  1. Јариќ, Ивана. „Кујунџија, самарџија, јорганџија - Старите македонски занаети стануваат спомен од минатото“. CRNOBELO.com. Посетено на 2025-03-11.
  2. Танеска, Соња (2023-03-27). „Занаети кои исчезнуваат - Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани“. Градска редакција (англиски). Посетено на 2025-03-11.
  3. Дојчиновски, Д-р Киро (1996). Занаетите и еснафите во Скопје. Скопје: Матица Македонска. стр. 104. На |editor-first= му недостасува |editor-last= (help)
  4. „Фото: Занаети што изумреа во Скопје“. skopjeinfo.mk. Посетено на 2025-03-11.
  5. „Последниот јорганџија во Скопската чаршија ја чува семејната традиција стара еден век“. www.aa.com.tr. Посетено на 2025-03-11.
  6. Симионова, Симона. „Чичко Али во Старата скопска чаршија е последниот традиционален јорганџија - ни ги откри тајните на занаетот (фото)“. CRNOBELO.com. Посетено на 2025-03-11.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya