Казанџиски занаетКазанџискиот занает е изработка на казани, бакарни садови и други предмети од бакар[1]. Садовите во кои се наоѓала храна се калаисувале заради тоа што оксидот на бакарот е отровен. Казанџискиот занает на Балканот и во Македонија постои повеќе од пет века и еден од најстарите занаети на овие простори. Историја![]() ![]() Се смета дека казанџискиот занает потекнува од Персија и Индија кои се богати со бакарна руда. Во Грција првпат се споменуваат бакарни садови во 3 век п.н.е., а подоцна преку Грција со овие садови се запознале и Римјаните. Меѓутоа, во Европа во текот на целиот среден век се користеле земјени садови. Балкански ПолуостровБалканскиот Полуостров, каде бакарните садови ги донеле Турците, бил единствен дел на Европа каде овие садови се произведувале и употребувале. Казанџиите првпат се споменуваат во XVI век. Во 1511 година од Сараево за Дубровник за продажба биле извезени 135 „сахани“ (бакарни чинии) кои ги изработиле сараевските казанџии.[2] Казанџискиот занает во втората половина на XIX и почетокот на XX век го достигнува својот зенит. Меѓу двете светски војни, побарувачката за бакарни предмети постепено слабее. Се јавуваат фабрички производи. Индустријализацијата и модернизацијата неумоливо влијаат на тивко исчезнување на овој стар занает. Во XXI век казанџиите главно се занимаваат со производство на казани за варење ракија и поправки на постојни производи. Казанџискиот занает во МакедонијаНајстариот пишан документ во кој е регистриран казанџискиот занает во балканските земји потекнува од Скопје. Тој се споменува во најстарите пописи од 1454 година, што се првите имиња на казанџиите што го работеле овој занает биле ерменски, арапски и персиски. Според истражувачите, казанџискиот занает во овие простори го донеле османлиите од чии редови и биле првите мајстори. [3] Казанџискиот занает во Македонија спаѓал во редот на поважните, потешки и високодоходни занаети. Во секој град имало најмалку еден, два или три казанџиски дуќани, додека во поважните занаетчиски центри имало и цели улици во кои биле лоцирани споменатите занаетчиски дуќани. Поради својата местоположба Скопје низ историјата бил значаен не само како стратегиски туку и како трговско занаетчиски и културен центар. Покрај Скопје, Прилеп и Штип имале високо развиен казанџиски занает, а тука бил и Велес на исто ниво. [3] Бакарните производи биле високо ценети, барани на пазарот, а занаетот бил исплатлив. Опаѓањето на занаетот се должел пред се воведување на современи парчиња покуќнина и садови. ПроизводиКазанџискитe производи биле разновидни и многубројни.
Предметите од бакар биле во широка употреба и во градот и на село. Често имале и декоративна функција, за која цел предметите биле гравирани. Казанџиски работилнициИзработка на предметиЦентрално место во казанџиските работилници заземал огнот на кој се топел бакарот кој се обезбедувал во сирова состојба. После топесето, бакарот со тешки чекани бил развлекуван во табли, а потоа се пристапувало на изработка на одреден предмет. Со оглед дека бакарот е склон на оксидација која се твори отровна метална патина, неопходно е садовите за јадење и пиење да се калаисуваат по изработката. СуровиниГлавни суровини во казанџискиот занает се: бакар, калај и нишадор. АлатВо казанџиска работилница најважни алати биле наковална, мев за дување на огнот, дрвени и метални чекани, казанџиска клешта, турпии и ножици. Во современо време, покрај наведените рачни алати во казанџиските работилници се користат и разни машини. ЕснафКазанџискиот еснаф бил првиот занаетчиски еснаф во кој занаетчиите станале и трговци – тргувале со бакар, калај и сите казанџиски производи. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia