Џевапли
Џевапли (грчки: Λαοδικηνό, Лаодикино — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 13 километри северно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро како и во непосредна близина на селото Поторес[2]. Селото се наоѓа на надморска височина од 226 метри. ДемографијаПо крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година во селото живееле 19 бегалски семејства со вкупно 56 жители.[3] Во 1928 година селото било преименувано во Лаодикино[4]. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население од Понд. Со наредба на Владата на Грција, во 1927 година, селото се соединило со Поторес, Мухали, Чалисли и Докузли во една заедничка населба под името Агија Кирјаки. Поради тоа, селото во понатамошните пописи престанало да се води како посебна населба. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia