Савџели
Савџели или Санџели (грчки: Πλατανιές, Платаниес, до 1926 г. Σαντζαλή, Саѕали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Денес е составен дел од Аканџали. ГеографијаСелото е северозападно маало на Аканџали, сместено северно од железничката линија. ИсторијаВо XIX век Саџели било село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарџели (Sardjéli) било село во Дојранската каза со 42 домаќинства сочинети од 61 муслимани и 48 Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Савџели имало 170 жители Турци.[4] Се поставува прашањето дали „Турците“ во пописот од 1873 г. не се всушност Македонци-муслимани, како што било случај со околните иселени села, а дека Македонците биле Македонци христијани кои потоа се иселиле. За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот. По војната, во 1920 г. попишани се само 25 жители.[5] Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Платаниес. В 1928 г. селото е претставено како дојденско со 17 семејства од 56 жители.[6] Во 1940 г. населението се зголемило на 181 жител поради дотекот на жители од околните напуштени села.[5] Во 1990-тите селото е припоено кон с. Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г. ДемографијаЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и детелината. Делумно било застапено и сточарството. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia