Ќулахли (Кукушко)
Ќулахли (грчки: Πυργωτό, Пиргото, до 1927 Κιουλελή, Ќулахли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа јужно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 27 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 242 метри. ИсторијаВо текот на XIX век селото било населено со турско муслиманско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 293 жители муслимани[3] По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Пиргото.[4] Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население од Мала Азија. Во 1928 година селото броело 164 жители-бегалци[5] ДемографијаСпоред Милоевиќ, во селото имало 25 турски семејства пред 1913 година, додека во 1913 година 185 жители. Селото пострадало во текот на Првата светска војна и бројот на жители изнесувал 103 жители. Селото во пописот од 1940 година броело 251 жител, 1951 година броело 256 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 328жители, во 1971 живееле 280 жители, во 1981 живееле 266 жител и во 1991 238 жители. Денеска, населението на селото е 248 жители[6]. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со пченица и тутун. Населението се занимава и со сточарство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia