Крондирци
Крондирци (грчки: Καλίνδρια, Калиндрија, до 1927 Κιλινδίρ, Килиндир)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крондирци се состоело од 80 семејства со 389 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крондирци имало 200 жители Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 312 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6]. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 296 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 89 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Калиндрија.[8] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 267 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 267 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 261 жител, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 184 жители, додека во 1991 година имало 151 жител[10]. Денеска, населението на селото е 176 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia