Хаџи Бајрамли
Хаџи Бајрамли (грчки: Θεοδόσια, Теодосија, до 1927 г. Χατζή Μπαϊραμλή, Хаѕи Бајрамли[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 147 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 26 километри источно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Хаџи Бајрамли опфаќа површина од 20 квадратни километри.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бајрамли се состоело од 300 семејства и 810 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хаџи Бајрамли имало 800 жители муслимани[5]. Во ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 932 жители, додека во 1920 година 340 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители.[3] Во 1926 година, селото било преименувано во Теодосија.[6] СтопанствоНаселението произведува пченица, тутун, леќа и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3] НаселениеВо 1928 година селото било чисто бегалско со 460 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 596 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 351 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 471 жител, во 1971 година имало 278 жители, во 1981 година имало 217 жители, додека во 1991 година имало 231 жител[8]. Денеска, населението на селото е 214 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia