Владаја
Владаја (грчки: Ακρίτας, Акритас; до 1926 г. Βλαδάγια, Владаја)[2] — село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 20 километри северозападно од градот Кукуш, на 3 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 173 метри. Зафаќа површина од 41 км2.[3] Полето на селото, наречено Владајско Поле, се наоѓа преку границата, во атарот на с. Сретеново, Општина Дојран.[4] ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владаја се состоела од 50 семејства и 264 жители Македонци[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Владаја имало 150 жители Македонци[5][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 232 Македонци и работело егзархиско училиште[5][8]. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Акритас.[9] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 293 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 522 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 417 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 381 жител, во 1971 година имало 328 жители, во 1981 година имало 253 жители, додека во 1991 година имало 263 жители. Денеска, населението на селото е 245 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia