Смрдешник
Смрдешник или Кокарџа (грчки: Κοκάρτζα, Кокарѕа)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. ИсторијаСелото претставува велепоседнички имот на неколку богати каракачански семејства, кои располагаат со вкупна површина од 5.600 декари обработлива земја. Ова мало село во минатото било населено со македонско население, но тоа се иселило во соседното село Женско. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 43 жители бегалци.[3], додека во 1940 година селото броело 49 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 62 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 49 жители, во 1971 година имало 33 жители, во 1981 година имало 66 жители, додека во 1991 година имало 70 жител. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia