Ерџели
Ерџели (грчки: Αλεξάνδρα, Александра; до 1927 г. Ερτζελή, Ерџели)[1] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 48 километри северно од градот Кукуш и на 4 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, во јужното подножје на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 190 метри. ИсторијаВо XIX век Ерџели е мешано македонско-турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ерџели било село во казата Аврет хисар и се состоело од 35 куќи со 60 жители-муслимани и 27 Македонци.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ерџели има 60 Турци и 30 Роми.[4] По Втората балканска војна селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција и на негово место било населено грчко население. Во 1927 години селото било прекрстрно во Александра.[5]. ДемографијаВо 1928 година селото било бегалско со 70 семејства и 204 жители-бегалци[5], додека во 1940 година селото броело 273 жители. Во текот на Втората светска војна, како и во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало. Поради тоа, голем дел од населението го напуштило селото и заминало на побезбедно место. Селото во пописот од 1951 година броело 219 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 260 жители, во 1971 година имало 194 жители, во 1981 година имало 180 жители, додека во 1991 година имало 163 жители. Денеска, населението на селото е 176 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia