Брест (Кукушко)
Брест (грчки: Ακρολίμνιο, Акролимнио, до 1927 Μπρες, Брес)[1] — поранешно село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓало на 38 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓало на надморска височина од 173 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Брест се состоело од 15 семејства со 14 жители муслимани и 27 Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Брест имало 40 жители Турци и 60 Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5]. Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија[6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 139 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 137 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Акролимнио.[7] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 81 жител бегалец.[8]. По овој период започнал период на целосно напуштање на селото од страна на неговите жители. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia