Буламачли
Буламачли или Буламатли (грчки: Ακακίες, Акакиес, до 1926 г. Μπουλαμπασλή, Булабасли или Μπουλαμπαλή, Булабали[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци.[2] Денес е составен дел од Аканџали. ГеографијаСелото е југоисточно маало на Аканџали, сместено јужно од железничката линија. ИсторијаВо XIX век Буламачли било македонско село од мешана вероисповед во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баламачли (Balamatchli) било село со 23 домаќинства сочинети од 47 Македонци-муслимани и 28 Македонци-христијани.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Буламачли имало 110 жители Македонци и 30 Роми.[3][5] За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Жителите го напуштиле Буламачли за време на Првата светска војна поради близината на фронтот.[2] По војната испразнетото село било населено од мал број Грци од странство, така што во 1920 г. во него се заведени 15 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Акакиес. Во 1928 г. се доведени уште Грци од странство, со што бројот на жители нараснал на 113.[2] Буламачли настрадало во Граѓанска војна (1946-49), но потоа веднаш било обновено. Во 1990-тите селото е припоено кон с. Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г. ДемографијаЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБуламачли важело за прилично сиромашно село. Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото, тутунот и детелината. Делумно било застапено и сточарството.[2] БелешкиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia