Горно Сари Ќој
Горно Сариќој (грчки: Άνω Ποταμιά, Ано Потамија, до 1928 Σαρή Κιόι, Сариќој)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 8 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 190 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Сариќој се состоело од 20 семејства со 70 жители муслимани[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Горно Сариќој имало 70 жители муслимани[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 236 жители (заедно со Долно Сари Ќој), додека во 1920 година 141 жител Турчин. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1928 година, селото било преименувано во Ано Потамија.[6] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 290 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 207 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 157 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 136 жители, во 1971 година имало 114 жители, во 1981 година имало 127 жители, додека во 1991 година имало 82 жител[8]. Денеска, населението на селото е 62 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia