Усуслу
Усуслу (грчки: Πλαγιά, Плаѓа, до 1927 Ουσουσλού, Усуслу)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 15 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 70 семејства со 220 жители Турци[3] Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски. Голем дел од населението заминало од селото[4]. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Плаѓа.[5] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 492 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 712 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 795 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 818 жители, во 1971 година имало 604 жители, во 1981 година имало 576 жители, додека во 1991 година имало 603 жител[7]. Денеска, населението на селото е 814 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia