Постолар
Постолар (грчки: Απόστολοι, Апостоли, до 1926 Αποστολάρ, Апостолар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 9 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 102 метри. Селото се наоѓа на дното на Солунското Поле и се состои од три маала: Горно Постолар (Άνω Απόστολοι, Ано Апостоли), Средно Постолар (Μέσοι Απόστολοι, Меси Апостоли) и Долно Постолар (Κάτω Απόστολοι, Като Апостоли). Горно Постолар е старата населба, додека останатите две биле изградени по 1924 година, кога во новите населби се населиле грчките бегалци од денешна Турција. ИсторијаВо античко време во близина на Горно Постолар се наоѓал старомакедонскиот град Морил. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Постолар се состоело од 56 семејства и 255 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Постолар имало 240 жители Македонци и 50 Роми[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Апостоли.[7] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 411 жители бегалци.[8], додека во 1940 година селото броело 456 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 442 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 502 жители, во 1971 година имало 339 жители, во 1981 година имало 432 жители, додека во 1991 година имало 306 жител. Денеска, населението на селото е 1063 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со земјоделство. Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia