Карлобаси
Карлобаси или Карљубаси (Κρητικά, Критика, до 1928 Καρλόβασι, Карловаси[1]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи одамна е припоено кон соседното Аканџали.[2] ГеографијаСелото се наоѓало во подножјето на планината Беласица близу североисточниот брег на Дојранското Езеро и северно од градот Кукуш.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Карлобаси било мешано македонско-турско село во Дојранската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 Карло Обаси (Carlo Obassi) имало 30 домаќинства, со 37 муслимански и 55 македонски жители.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Карљубаси имало 180 жители, од кои 90 Македонци, 70 Турци и 20 Роми.[3][5] За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија. Потпаѓање под ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според пописот од 1913 г. Карлобаси (Καρλόμπαση) имало 196 жители, а на следниот попис во 1920 г. во селото се избројани 133 лица.[2][6] По протерувањето на македонското и муслиманското население, властите во селото довеле грчки доселеници, па така во 1928 г. е заведено како наполно доселеничко со 29 семејства и 130 жители.[7] Карлобаси е отсутно од сите наредни пописи, бидејќи е припоено кон соседното село Аканџали. СтопанствоЖителите на денешното подрачје на Карлобаси во состав на Аканџали се занимаваат со одгледување на тутун, жито и детелина, а делумно е развиено и сточарството.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia