Саламаново
Саламаново или Саламанли (грчки: Γαλλικός, Галикос, до 1926 Σαλαμανλή, Саламанли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Кукуш по железничка линија на десниот брег од реката Галик, во близина на Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 77 метри. Саламаново опфаќа површина од 18 квадратни километри[3]. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Саламаново се состоело од 36 семејства и 162 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Саламаново имало 150 жители Македонци[4][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7]. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од христијанското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Галикон.[8] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 747 жители-бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 127 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 963 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 759 жители, во 1971 година имало 882 жители, во 1981 година имало 789 жители, додека во 1991 година имало 881 жител. Денеска, населението на селото е 1135 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia