Армутчи
Армутчи (грчки: Μεγάλη Βρύση, Мегали Вриси, до 1927 Αρμουτσή, Армутци)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 8 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 121 метри. Армутчи опфаќа површина од 34 квадратни километри[3]. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Армутчи се состоело од 40 семејства и 105 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Армутчи имало 350 жители Македонци и 20 Роми[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 330 жители, додека во 1920 година 467 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Мегали Вриси.[6] ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 451 жител бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 732 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 590 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 527 жители, во 1971 година имало 474 жители, во 1981 година имало 468 жители, додека во 1991 година имало 497 жители[8]. Денеска, населението на селото е 520 жители според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia