Ќосе Мурџели
Ќосе Мурџели (грчки: Διβούνι, Дивуни, до 1927 Κιοσέ Μουρτζαλή, Ќосе Мурџели)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 12 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 520 метри. ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ќосе Мурџели имало 45 жители муслимани[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 102 жители, додека во 1920 година 82 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[4]. Во 1927 година, селото било преименувано во Дивуни.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia