Гола (Кукушко)
Гола (грчки: Κορυφή, Корифи, до 1926 Γκόλα, Гола)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 19 километри северно од градот Кукуш на планината Круша, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 281 метри. ИсторијаСелото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци и работело егзархиско училиште[3][4]. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано со 84 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Корифес.[5] Селото настрадало и во текот на Грчката граѓанска војна, поради кој конфликт македонското население побегнало во Струмица. ДемографијаВо 1928 година селото било чисто бегалско со 188 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 336 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 173 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 179 жители, во 1971 година имало 173 жители, во 1981 година имало 141 жител, додека во 1991 година имало 123 жители. Денеска, населението на селото е 141 жител. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia