Дрворезбарски занаетДрворезбарски занает е форма на обработка на дрво со помош на алатка за сечење (нож) во едната рака или длето со две раце или со една рака на длето и една рака на чекан, што резултира со дрвена фигура или фигурина, или во скулптурална орнаментација на дрвен предмет. Фразата може да се однесува и на готовиот производ, од индивидуални скулптури до рачно изработени лајсни што сочинуваат дел од орнамент. [1] Историја на занаетотИзработките на скулптури од дрво биле исклучително широко практикувани. Но карактеристично за нив било тоа што не останувале неоштетени, како другите главни материјали (камен и бронза), бидејќи биле подложни на распаѓање, оштетување од инсекти и пожар. Затоа, тие претставувале важен скриен елемент во историјата на уметноста на многу култури. Скулптурите од дрво на отворено не траеле долго во повеќето делови од светот, па затоа сè уште е непознато како се развила традицијата на тотемскиот столб. Многу од најважните скулптури на Кина и Јапонија, особено, се од дрво, како и големото мнозинство од африканските скулптури и онаа на Океанија и други региони. Дрвото било лесно и можело да прими многу фини детали, па затоа било многу погодно за изработка на маски и други скулптури наменети за носење. Исто така, многу било полесно да се обработува (пример полесно од каменот) и можело да се резба потенко и попрецизно поради неговата влакнеста цврстина. Некои од најдобрите постоечки примери на рана европска резба од дрво биле од средниот век во Германија, Русија, Италија и Франција, каде што типичните теми од таа ера биле христијанската иконографија. Во Англија, многу комплетни примери настанале од 16-ти и 17-ти век, каде што дабот бил претпочитан медиум т.е. основна суровина. Најстарата скулптура во резба во дрво, идолот Шигир, изрезбан од ариш, била стара околу 12.000 години. [2] Историја на занаетот во МакедонијаИсториските прилики, промените на границите, туѓото владеење во Македонија, пред и по Балканските војни, како и по Првата светска војна, директно се одразило врз развојот на уметничките занаети. Во 1925 година во Дебар било отворено Училиште за уметничка резба коешто во 1927 година било префрлено во Охрид. Подоцна училиштето било реорганизирано во четиригодишно училиште под името „Државна машка занаетчиска школа“ . [3] Обработката на дрво во дамнешни времиња имала домашна намена, со тоа што се изработувале украсни предмети за лична употреба, а подоцна и за општествени и религиозни цели. Дрворезбарите (копаничарите), водени од уметничките чувства, го преработувале цврстото ореово дрво, со разни, раскошни декоративни објекти. Од првите векови под Турците сочувани се мал број дрворезбачки објекти, како што бил иконостасот во Св.Никола Шишевски од 1637 година. Сите најдобри производи на дрворезбарските занаетчии, уметници од Македонија, а со тоа и во Скопје, се дело на мијачките мајстори. Кон крајот на VIII и почеток на XIX век се создале повеќе тајфи на резбари кои вниманието го свртеле со својата работа на внатрешна декорација на црквите. Овој занает добил уште поголем замав, напоредно со формирање на олтарните прегради, во облик на иконостас. Иконостасот сè повеќе добивал задача да ги замени старите фреско-слики по црковните ѕидови и со тоа станал најмонументален и најдекоративен елемент на внатрешноста на секоја црква. Кога станува збор за дрворезбарите- мијаци од Река, се мисли на луѓето од селата од дебарскиот крај: Гари, Тресонче, Осој, Росоки, Галичник, Лазарополе, Битуше, Требиште и други. Мијачките дрворезбари занаетот го изучувале кај италијанско-венецијанските мајстори, па го пренеле на иконостасот и на другиот црковен мебел во нашите цркви и манастири, во првите децении на XIX век. Овие мајстори умееле да одберат различни стилови и многу убави елементи и тоа уметнички да го преработат, со силата на својот национален дух во нови, оригинални уметнички творби. [4] Алат на занаетотАлатот што го користеле дрворезбарите бил длето и токмак. Овие алатки носеле исклучиво народни називи. Така на пример, длетото со кое се длебеле цветовите го нарекувале ружанче; за зрна, лоза и слично го викале зрнарче; за изработка на листови- зобче; за жили по листовите- шараче; за копање поголеми длабини- требарче; за длабење во аглите- секирче; за прави линии- паламарче; за криви линии- разлачесто итн., а чеканчето со кое се удирало по глетото се викало токмаче и се правело од шимшир или зеленика. [5] Дрворезбарството во ОхридОхридскиот регион имал богата традиција во негувањето на народното градителство, резбарството и зоографскиот занает. Кон крајот на XIX и почеток на XX век уметничките занаети во овој регион се потпирале врз богатата локална традиција и практичните искуства на доселените Мијаци, Дебрани и Власи. [6] Современото резбарство во Охрид директно е поврзано со занаетчиското училиште „Државна машка занаетчиска школа“ . Дејноста на Бранислав Јованчевиќ во оваа школа биле настојувањата да го унапреди овој вид творештво во 30-те години на XX век. Учениците добивале задачи за реализираат примери (урнеци) од историски и неисториски стилови во наставата по резба. Тој во наставата користел каталози на мебел украсени со резба, разни цртежи, оррнаменти и мотиви, фотографии на тавани, долапи и врати. Учениците на Бранислав Јованчевиќ биле сите постари охридски дрворесци, родени околу 1915/1916 година, коишто го одбележале разбарското творештво во XX век. [7] Во 1932 година школата добила статус на државно училиште и како такво нудело стипендии за ученици. Во 1947 година училиштето добило име Училиште за резба (Резбарско-фасадерско училиште) коешто по војната го обновило новата влада. Во 1949 година училиштето било затворено и префрлено во Скопје. Со затворањето на училиштето се отворило ателје за уметничка резба „Андон Дуков“ во Охрид. Името на ателјето е по името на резбарот Андон Дуков кој загинав во НОБ. Оваа резбарска работилница работела сè до 1961 година , па потоа некои резбари се вработиле во Музејот на Охрид. Попознати резбари од охридскиот крај биле: Перо Калајџи, Вангел Наумоски, Наум Донев, Славе Крстанче, Славе Атанасовски, Димче Јанко, Ајри Доко, Јоне Петров и други. [8] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia