Горна Маала (Валовишко)
Горна Маала или Дере Маала (грчки: Ποταμοχώρι, Потамохори; до 1927 г. Δερέ Μαχαλέ, Дере Махале[1][2] или Δερέ Μαχαλά, Дере Махала[3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5] ГеографијаСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело по горното течение на реката Тополница.[6] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Долна Маала (Ашаја Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) било село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Махала било село во Петричката кааза со 140 жители, сите Турци.[9] Истовремено во Демирхисарската каза К’нчов посочува и село Топалник Дере со 420 жители Турци.[10] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 428 жители, а во 1920 г. во него е попишано 481лице.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти.[5] Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција.[1] Селото се распаднало во април истата година со повлекувањето на грчката војска и доаѓањето на бугарската окупација. По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба.[5] Отпишано е во 1951 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia