Камарето
Камарето или Камаретово (грчки: Καμαρωτό, Камарото; до 1926 г. Καμαρότι, Камароти[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 324 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото е сместено во Серското Поле, на 6 км југозападно од градот Валовишта, на надморска височина од 40 м. Се наоѓа во непосредна близина на патот Сер-Валовишта (ЕО63).[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Камарето било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Камарет (Kamarète) имало 45 домаќинства и 140 жители Македонци.[4][5] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Камарето имало 200 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Камарето имало 160 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][8] Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[9] До 1912 г. Камарето било чифлик на Акил-бег од Сер со 40,000 декари земјиште и пасишта.[10] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 126 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 139 лица.[3] Поради плодното земјиште во атарот на селото, во 1924 г. грчките власти сместиле 109 бегалски семејства (вкупно 516 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Камарото (Καμαρωτό).[2] Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 814 жители.[3] СтопанствоНаселението одгледува жито, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1924 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 10 квадратни километри.[3] Општината Камарето била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика. Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Камарето, во кој е единствено село. ЛичностиРодени во Камаретово
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia