Рајковци
Рајковци или Рајковче (грчки: Καπνότοπος, Капнотопос; до 1926 г. Ραϊκόφτσα, Рајкофца[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[2] ГеографијаСелото се наоѓало на 33 км северно од Сер и 17 км северно од Валовишта. Лежело во Светиврачко-петричка Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век Рајковци било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рајковца (Raïkovtsa) било село со 65 домаќинства на 200 жители Македонци.[3][4] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рајковци живееле 420 Македонци.[3][7] Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рајковица (Raïkovitza) имало 640 Македонци егзархисти и 18 Роми. Работело бугарско училиште со 1 учител и 21 ученик.[8] Сè до 1912 година селото било чифлик во сопственост на серскиот гркоман Зл. Кочев.[9] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 512 жители. Во 1920 г. тие се намалиле на 246 лица поради Првата светска војна.[2] Во 1920-тите грчката власт присилно го протерала речиси целото население во Бугарија, а на негово место довела грчки колонисти од Турција. На пописот од 1928 г. Рајковци е претставено како етнички мешано село со 159 жители,[2] од кои 142 биле грчки дојденци (42 семејства).[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Капнотопос, во превод зачадено место. Во 1940 г. во Рајковци се попишани 132 жители. По бугарската окупација за време на Втората светска војна во 1941 г. доселеничкото население го напуштило селото, па така бугарската статистика за истата година го води со само 7 жители.[2] Селото се распаднало за време на Граѓанската војна и повеќе не било обновено.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia