Селото се наоѓа северозападно од градот Сер и западно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Низ селото тече реката Султаница или Ветренска Река[3]. На неколку километри североисточно од селото почнува Рупелската Клисура на Струма.
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтер од втората половина на XV и почетокот на XVI век под името Ветрена со 14 глави на домаќинства.[4]
Во османлискиот воопштен даночен список на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616–17 г. селото се води како Ветрене со 191 даночно обврзани домаќинства.[5]
Во средината на XVII век низ Ветрен поминал османлискиот патописец Евлија Челебија, и напишал дека во селото, освен неколкуте муслимански, имало и 5 маала на „грчки, бугарски и српски неверници“ (христијани).[6]
Во XIX век Ветрен бил второ село по големина во Демирхисарската каза. Населението било етнички мешано, и со мнозинство на муслимани и малцинство на Македонци христијани. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ветрина (Vétrina) била село со 228 домаќинства сочинети од 480 муслимани и 100 Македонци.[7][8]
Ветрина, големо село на подножјето на Беласица, на северозапад од Валовишта 21⁄2 часа. Преминуваат со сплавови низ дервентот. Изобилна планинска вода. Почва од најплодните. Раѓа и памук, сусам. Црква во која се служи на грчки. 220 турски куќи, 30 македонски,[9] 30 ромски и 25 черкески. Сите Турци се дојенци Арнаути, кои со себе ги донеле и навиките. Убиставата тука се едно од најобичните занимања. Мнозина упразнуваат разбојништво како наследен занает. Во недела има мал пазар. 25 куќи Македонци,[10] 200 Роми и 30 Черкези.[11]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ветрен броел 1.489 жители.[3] Во него се преселиле гркомани од пиринскиот град Петрич и селото Старчево, како и Власи од соседното беласичко село Рамна. Поради тоа, во 1920 г. во селото се заведени 1.756 лица.[3] Во 1924 г. сето турско и черкеско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени голем број грчки колонисти од Понт и помал број од Источна Тракија и остатокот од Мала Азија.[14]
На пописот од 1928 г. Ветрен било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 2.611 жители, од кои 687 лица (179 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[15]
Во 1927 г. селото е преименувано во Неон Пертицион, во превод Нов Петрич.[16]
Во мелиорацијата на и регулацијата на Струма во 1930-тите, како и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, новодобиеното земјиште привлекло повеќе жители од околните села, така што во 1940 г. во Ветрен се регистрирани 4.903 жители.[3] За време на Втората светска војна добар дел од населението се разотишол по други места во Егејска Македонија, така што бугарската статистика од 1941 г. во него завела само 2.800 жители.[3] По војната населението почнало да се враќа, но набргу потоа бележи тренд на иселување во поголемите градови.
Месности во Ветрен преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 857.