Инанли (Валовишко)Оваа статија се однесува на село во Валовишко. За селото во Кукушко, погл. Инанли (Кукушко).
Инанли или Долно Инанли (грчки: Κάτω Αμπέλα, Като Амбела; до 1926 г. Κάτω Ινανλή, Като Инанли[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 209 жители (2021). Географија и местоположбаСелото е сместено во западното подножје на планината Шарлија, на 2 км јужно од градот Валовишта, на надморска височина од 140 м.[3] Се дели на две маала - Горно и Долно Инанли. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Инанли бил турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Инанли (Inanli) имало 16 домаќинства со 40 жители муслимани.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Инанли имало 260 жители Турци.[5] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 273 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 122 лица.[3] Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 44 бегалски семејстви (вкупно 172 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Като Амбела (Κάτω Αμπέλα).[2] Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 326 жители.[3] СтопанствоНаселението произведува памук, жито и други земјоделски производи.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Герман, Елешница и Герман. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia