Рамна (Валовишко)
Рамна (грчки: Ομαλό, Омало; до 1928 г. Ράμνα, Рамна[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 161 жител (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во подножјето на планината Беласица, северно од Бутковското Езеро, на 8 км источно од селото Ветрен, на надморска височина од 80 м. Тоа е потполно споено со соседното Турчели.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОд името на селото се гледа дека првично било македонско. Во XIX век Рамна било влашко село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Рамна (Ramma) имало 106 домаќинства и 350 жители Власи.[4] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Рамна имало 550 жители Власи.[6] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 469 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 127 лица, а во 1928 г. само со 44.[3] Истата година, името на селото било променето во Омало (Ομαλό).[2] По Граѓанската војна (1946 - 1949) селото е поместено во близина на патот Кукуш-Валовишта, на надморска од 80 метри.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина. Општината Рамна била приклучена во општината Хаџи Бејлик во 1926 година.[3] Селото припаѓа на општинската единица Петрич со седиште во селото Ветрен, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хаџи Бејлик, во кој влегува и истоименото село. Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia