Мешели
ГеографијаСелото се наоѓало во јужното подножје на Беласица, северно од Мандраџик.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век Мешели било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мешели живеле 350 Турци.[4] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 492 лица. Селото настрадало во Првата светска војна, поради што во 1920 г. населението се свело на 173 жители.[2] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Мешели е претставено како наполно дојденско село со 164 жители (40 семејства).[5] Во 1926 г. било преименувано во Петрино, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.[1] Во 1940 г. населението на Мешели се накачило на 339 лица, а во 1941 г. имало 229 жители, веројатно поради Втората светска војна.[2] Мешели се распаднало за време на Граѓанската војна кога селаните биле преселени во нови куќи во Мандраџик. Власта не дозволила обнова на селото бидејќи било погранично, иако населението и понатаму ги користи имотите во него.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia