Елешница (Валовишко)
Елешница (грчки: Φαιά Πέτρα, Феја Петра, до 1927 г. Ελέσνιτσα, Елесница[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци, кои и денес се апсолутно мнозинство.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во историско-географската област Мрвачко, сместено во северните пазуви на на планината Шарлија по долината на реката Белица. Лежи на 13 км североисточно од Валовишта. Кај селото е манастирот „Св. Јован Златоуст“.[4][5] ИсторијаСредновековиеНа 0,5 км југоисточно од селото се наоѓа средновековната Елешничка тврдина.[6] Друга тврдина наречена Хисар (Исаро), на рид обраснат со прнар,[7] е 3 км на север-северозапад од селото.[8] Во Отоманското ЦарствоВо османлискиот воопштен дефтер на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616-17 г. селото е води како вакафско, под името Лешниче со 85 даночно обврзани сомаќинства.[9] Во XIX век Елешница била типично македонско мрвачко село во Демирхисарската кааза на Серскиот санџак. Селото било еден од центрите на железната индустрија во областа Мрвачко. Тука не се промивала руда, но имало еден самоков кој постоел до средината на XIX век. Ако се суди по името на месноста Писцата кај реката Белица северно од селото, вероятно тук е добивано и желязо.[10] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Елешница (Eleschnitsa) била село во Демирхисарската каза со 67 домаќинства на 230 жители Македонци.[11] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Елешница (Лешница) броело 340 жители, сите Македонци-христијани.[11][14] Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Елешница имала 464 жители Македонци, сите егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 25 ученици.[15] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Академикот Антон Попстоилов го посетил селото во 1916 г. и забележал:
Во 1918 г. селото броело 80 куќи со над 500 жители. Истата година, како и во 1925 г. дел од населението било приморано да се исели во Бугарија заради грчкото угнетување. Наследници на бегалците од Елешница денес живеат во Свети Врач (Сандански), Мелник и околината.[10] На местото на иселените Македонци се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е преставено како мештанско-дојденско со 279 жители,[3] од кои 35 лица (10 семејства) биле грчки дојденци.[17] Така, Македонците сепак останале огромно мнозинство во селото.[3] Во 1927 г. селото применувано во Феја Петра.[18] За време на Граѓанската војна селото е разрушено, а потоа обновено понајуг во местноста Масларка.[10] Населението се вратило во текот на 1950-тите. Бројот на жители подоцна почнал да опаѓа поради преселување во поголемите градови.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia