Старошево
Старошево или Старошово (познато и како Ставрово; грчки: Σταυροδρόμι, Ставродроми; до 1923 г. Σταρός, Старос[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 117 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и западно од северозападниот брег на Бутковското Езеро, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 90 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XVIII век селото се наоѓало западно од денешното, на месноста Дервено. Поголемиот дел од населението е доселено од пред повеќе од три века од селото Тренчови Колиби во Струмичко, кое се наоѓало на планината Огражден.[4] Во XIX век Старошево било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак. Тоа било чифлик на Сари-бег од Солун.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Старош (Staroch) имало 233 домаќинства со 80 жители Македонци и 15 муслимани.[5][6] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Старошево имало 460 жители, сите Македонци.[5][8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Старошево имало 488 Македонци под врховенство на егзархијата и 56 под врховенство на патријаршијата. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 30 ученици.[5][9] Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[10] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 404 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 220 лица.[3] Во 1923 година, името на селото било променето во Ставродроми (Σταυροδρόμι).[11] Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, поголемиот дел од македонското население принудно било иселено во внатрешноста на Бугарија и Пиринска Македонија (во Петричко[4]), а на нивно место се населиле 60 бегалски семејства (вкупно 214 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] СтопанствоНаселението произведува жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови внимание му се посветува и на сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бутково, во кој е влегуваат и селата Бутково, Дели Хасан и Ќутахли. ЛичностиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia