Радово (Валовишко)
Радово или Радево (грчки: Χαροπό, Харопо; до 1927 г. Ράδοβον, Радовон[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 783 жители (2021). Во минатото било населено исклучиво со Македонци, кои и денес се значајно мнозинство од населението.[3] ГеографијаСелото е сместено во Серското Поле, на јужниот влез на Рупелската Клисура и околу 4 км северно од Валовишта. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Радово било чисто македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Радово (Radovo) било село со 95 домаќинства од 300 жители Македонци[4].[5] Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Радево броело 400 жители, сите Македонци христијани.[4][7] Во селото работела грчката пропаганда. Целото население на Радово било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. христијанското население на Радово (Radovo) се остоело од 560 Македонци, сите под патријаршијата (грчката црква).[4][8] Во ГрцијаВо Првата балканска војна Радово е окупирано од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. имало население од 503 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 625.[3] По 1923 г. властите довеле грчки колонисти и Радово станало етнички мешано. Во 1928 г. во селото се попишани 784 жители, од кои 93 лица (28 семејства) биле грчки дојденци, а апсолутното мнозинство останале Македонци.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Харопон, што значи „радосно“, но ова официјално стапило на сила следната 1927 г.[2] Поради добрата почва и сообраќајните врски, селото продолжило да расте, примајќи доселеници од попасивните места и напуштените села од разграноците на Сенгелска Планина.[3] Во 1940 г. Радово пораснало на 1.042 жители. Следната 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.037 жители.[3] Во 1951 г. населението пораснало на 1.271 жител и продолжило да расте поради доселувањето на жители од планинските села во текот на Граѓанската војна.[3] Во 1960-тите Радово го зафатил бран на иселувања во градовите, па затоа во 1971 г. бројноста се смалила на 1.085 лица. Сепак, воследниот период населението повторно се накачило, достигајќи 1.432 жители во 2000 г. Најголемиот пад се случил во текот на 2000-тите, кога Радово спаднало на 1.042 лица во 2011 г. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото важи за многу богато. Се одгледува доста памук и други земјоделски производи, а развиено е и сточарството.[3] Личности![]()
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia