Чаир Маала
Чаир Маала (грчки: Καλαμιές, Каламиес; до 1923 г. Τσαΐρ Μαχαλέ, Цаир Махале[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Турци.[2] ГеографијаСелото се наоѓало на север од Дели Хасан и на запад од Џума Маала. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Чаир Маала било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаир (Tchaïr) е било село со 50 домаќинства на 128 муслимани.[3] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чаир Маало живееле 200 Турци и 50 Роми.[5] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 224 жители, а во 1920 г. во него е попишан само 51 жител.[2] Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Чаир Маала е претставено како чисто дојденско село со 58 лица (16 семејства).[6] Селото е напуштено некаде по 1935 г. поради немање услови за живот. Жителите се преселие во Џума Маала. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia