Црвишта
Црвишта (грчки: Καπνόφυτο, Капнофито; до 1927 г. Τσερβίστα, Цервиста[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 125 жители (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Мрвачко, во долината на реката Белица, во северното подножје на планината Шарлија, на надморска височина од 440 м.[3] Сместено е на 13 км североисточно од градот Валовишта и 4 км југозападно од Крушево. Во селскиот атар се наоѓаат бројни пештери. Низ селото тече Шарлиска Река или Кушлу[4][5], преименувана 1969 г. во Скотино Рема.[6] На неа е сместен водопадот Скак.[4][5] Втората мала река која тече низ Црвишта е нарекувана Карадере.[7] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Червиште со 205 домаќинства, рудари. Според документ од 1625 г. селото имало 197 домаќинства.[8] Во XIX век Црвишта било мешано село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црвишта (Tsërvischta) имало 110 домаќинства и 170 жители Македонци и 140 муслимани.[9][10] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 63 македонски и 40 турски домаќинства.[11] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Црквишта имало 670 жители, од кои 350 Македонци, 240 Турци, 50 Власи и 30 Роми.[9][13] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Црвишта имало 2.408 Македонци под Бугарската егзархија, 760 Македонци под Цариградската патријаршија и 54 Власи. Во него работело бугарско училиште со 1 учител и 57 ученици.[9][14] Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 24 јануари 1908 година, чета на ВМРО составена од 8 луѓе, предводена од Стојо од Колешино, водела битка во Црвишта со османлиските единици.[15] Во Првата балканска војна, 17 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[16] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 420 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 261 лица.[3] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а извесен број Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 127 бегалски семејства (вкупно 418 бегалци), така што селото повторно станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Капнофито (Καπνόφυτο).[2] СтопанствоСелото се смета за мошне богато, населението произведува компири, тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1932 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 35 квадратни километри.[3] Општината Црвишта била приклучена во општината Крушево во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика. Селото припаѓа на општинската единица Крушево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Црвишта, во кој е единствено село. ЛичностиРодени во Црвишта
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia