Долна Маала (Валовишко)
Долна Маала или Ашаја Маала (грчки: Κατώμερο, Катомеро; до 1927 г. Ασαγιά Μαχαλέ, Ашаја Mахале[1][2]; Ασαγιά Μαχαλά; Асаja Mахала[3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5] ГеографијаСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело јужно од селото Тополница и северно под возвишението Ашаја (470 м).[6] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Горна Маала (Дере Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долна Маала било село во Петричката кааза с 365 жители, всички турци.[9] Истовремено во Демирхисарската каза К’нчов посочува и село Топалник Долни со 370 жители Турци.[10] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 158 жители, а во 1920 г. во него е попишано 161 лице.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти.[5] Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско со вкупно 221 жител.[5] Во 1940 г. бројот на жители се намалил на 111. Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција.[1] По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба.[5] Отпишано е во 1951 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia