Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, веднаш јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело на 1 км југозападно од пиринското село Тополница.[2]
Историја
Праисторија
На околу 2 км јужно од селото во месноста Кременица (во околината на граничната пирамида бр. 63) од двете страни на грчко-бугарската граница е откриена доцнонеолитска населба наречена Драготин-Тополница.[3][4]
Во Отоманското Царство
Според османлиски дефтер од 1570 г. во селото Тополница живеело 21 христијанско домаќинство. Кон него се вбројани и 15 јуручки муслимански семејства кои во живееле како сточари во атарот.[5]
Тополница, на десниот брег на Струма спроти Кула. Тука е границата меѓу Петричко и Демирхисарско. Се наиоѓа на источниот крај на Беласица на северозапад од Валовишта 6 часа. На прво место е сточарството. Одовде излегуваат прочуените тополнички волови. 30 къщи Турци, 25 Македонци.[8][9]
“
Георги Стрезов го спомнал селото по вторпат и напишал за него:
„
Тополница, во подножјето на Беласица; се наоѓа на И од Петрич, два часа пат; до Струма нема 1⁄2 час; толкаво е и растојанието до [реката] Струмица. Нивите им се покрај тие две реки. Има 25 куќи, Македонци.[8][10]
На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Тополница живееле 224 Македонци, сите под Егзархијата.[6] Имало бугарско основно училиште со еден учител и 36 ученици.[12]
Според митрополитот Емилијан Мелнички на 7 февруари 1908 г. седумчлена чета на ВМОРО на чело со војводата Кочо (веројатно Кочо Хаџиманов) се се судрила со турска војска кај Тополница, губејќи неколку луѓе и документи.[13]
Во Грција
За време на Втората балканска војна во 1913 г. населението е прогонето од грчката војска. Тие се прешле преку границата во во Пиринска Македонија на 1 км од старото село и го основале селото Нова Тополница,[14] кое во 1966 г. е преименувано во Тополница.[15]
Старото село е обновено и во 1920 г. е попишано со 28 жители. Меѓутоа, селото наскоро било напуштено.[1]
Во 1968 г. месноста е преименувана во Асимандо (Άσήμαντο).[16]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 148–149. ISBN954-8187-21-3.
↑ 8,08,1Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 857.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 32.
↑„Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“(PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот(PDF) на 2016-01-25. Посетено на 5 декември 2014. Επετέθη κατά του παραστρυμονίου χωριού Τοπόλνιτσα, της περιφερείας Πετρίτσης, ο λησταντάρτης Κώτσος μετά έξ οπαδών αυτού, αλλ' εγκαίρως λαβών γνώσιν του γεγονότος ο αυτοκρατορικός στρατός, τον μέν Κώτσον και τους οπαδούς αυτού φεύγοντας εφόνευσε, πολλά δε επ' αυτών επιλήψιμα έγγραφα κατάσχε.
↑Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 335. ISBN954-90006-2-1.
↑Мичев, Николай (2005). Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София: ИК „Петър Берон: Изток-Запад“. стр. 268. ISBN 954-321-071-3.