Глибовци
Географија и местоположбаСелото Глибовци се наоѓа во Валовишката околија во чии рамки административно влегува во составот на општината Палмеш[3]. Сместено е западно од Валовишта и северно од Кукуш во подножјето на Беласица на надморска височина од 260 метри[3]. Селото е поврзано со внатрешноста на земјата со патот кој од Кукуш води за Валовишта и за Кулата, како и со железничката пруга Солун - Софија - Истанбул. ИсторијаДо 1924 година, Глибовци било чисто македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Глибовци живееле 240 жители, сите Македонци.[4] По нивното принудно иселување во Бугарија во 1924 година, тука биле сместени бегалски семејства. Во 1926 г., името на Глибовци му било применувано во Калохори, што значи „добро село“.[2] СтопанствоВо селото се произведуваат претежно жита и компири, а населението помалку се занимава и со сточарство[5]. НаселениеВо пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 193 жители, додека во 1920 година Глибовци имало 174 жители. По принудното иселување на македонското население и доселување на бегалските семејства во 1928 се води со 218 жители, во 1940 имало 444, во 1951 со 368, во 1961 со 339, за да опадне во 1971 на 283, во 1981 на 243, а во 1991 се намалила на 195 жители.
Општествени установиКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia