Средна Маала
Средна Маала или Орта Маала (грчки: Μεσαία, Месеја; до 1927 г. Ορτά Μαχαλέ, Орта Махале,[1] Ορτά Μαχαλά, Орта Махала[2][3][4]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Јуруци.[5] ГеографијаСелото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, источно од денешната бугарско-грчка граница.[6] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката каза, во кои влегувале Горна Маала (Дере Мааала) и Долна Мала (Ашаја Маала).[5] Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало,[7] на македонски наречено и Тополник. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село во 76 домаќинства на 190 жители муслимани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Средна Маала (Срѣдня Махала) било село во Петричката каза со 390 жители, сите Турци.[9] Истовремено во Демирхисарска кааза К’нчов посочува и село Средни Тополник (Срѣдни Топалникъ) со 450 жители Турци.[10] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото е заведено со 478 жители.[5] На 28 декември 1919 г. е создадена општината Дере Маала,[5] во која влегле Горна и Долна Маала, јуручкото село Хан Дере и македонското село Тополница. Во 1920 г. селото имало 434 лица.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти.[5] Така, во 1928 г. Средна Маала е претставена како чисто дојденско село со 502 жители (153 семејства).[11] Во 1940 г. Средна Маала е евидентирана со 295 жители, од кои 210 биле мажи, што значи дека тука била сместена погранична воена единица.[5] Селото е евакуирано со воена заповед на 13 март 1941 г. малку пред германската инвазија, и населението е преместено во блиски села, па и други делови на Грција.[3] По војната тоа не било обновено бидејќи е гранично.[5] Отпишано е во 1961 г.[3] Атарот е припоен кон оној на Ветрен, каде се префрлиле голем дел од жителите.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia