Список на општини во Македонија по население (1994) Ова е список на општини во Македонија по население, заснован на пописот на население од истата година и фактичната состојба на тогашните општини.
Табела
Следува список на општини, почнувајќи од најбројната општина, па до најмалку бројната.[1]
Место
|
Општина
|
Жители
|
Забелешка
|
1.
|
Тетово
|
172,171
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Боговиње, Брвеница, Вратница, Желино, Јегуновце, Камењане, Теарце, Џепчиште и Шипковица.
|
2.
|
Кисела Вода
|
146,746
|
Дел од поголемата административна единица Град Скопје (545,228 жители). Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Зелениково, Сопиште и Студеничани.
|
3.
|
Куманово
|
127,814
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Клечевце, Липково, Орашац, и Старо Нагоричане.
|
4.
|
Карпош
|
127,462
|
Дел од поголемата административна единица Град Скопје. Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Ѓорче Петров, Кондово и Сарај.
|
5.
|
Гостивар
|
109,845
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Врапчиште, Вруток, Долна Бањица, Маврови Анови, Неготино-Полошко, Ростуша, Србиново и Чегране.
|
6.
|
Битола
|
108,203
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Бач, Бистрица, Добрушево, Кукуречани, Могила, Новаци, Старавина и Цапари.
|
7.
|
Гази Баба
|
100,259
|
Дел од поголемата административна единица Град Скопје. Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Арачиново, Илинден и Петровец.
|
8.
|
Прилеп
|
94,183
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Витолиште, Долнени, Кривогаштани и Тополчани.
|
9.
|
Струмица
|
86,365
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Босилово, Василево, Муртино и Ново Село.
|
10.
|
Чаир
|
85,740
|
Дел од поголемата административна единица Град Скопје. Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Чучер-Сандево и Шуто Оризари.
|
11.
|
Центар
|
85,021
|
Дел од поголемата административна единица Град Скопје.
|
12.
|
Титов Велес
|
65,942
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Богомила, Градско, Извор и Чашка.
|
13.
|
Струга
|
62,679
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Вевчани, Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково.
|
14.
|
Охрид
|
60,763
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Белчишта, Косел и Мешеишта.
|
15.
|
Кичево
|
52,958
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј.
|
16.
|
Штип
|
50,714
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Карбинци.
|
17.
|
Кочани
|
48,538
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Зрновци, Облешево, Оризари и Чешиново.
|
18.
|
Кавадарци
|
41,937
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Конопиште и Росоман.
|
19.
|
Гевгелија
|
34,817
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Богданци, Миравци и Стар Дојран.
|
20.
|
Радовиш
|
30,525
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Конче и Подареш.
|
21.
|
Делчево
|
25,287
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Македонска Каменица.
|
22.
|
Крива Паланка
|
25,129
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Ранковце.
|
23.
|
Дебар
|
23,788
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Центар Жупа.
|
24.
|
Неготино
|
23,156
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Демир Капија.
|
25.
|
Свети Николе
|
21,444
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Лозово.
|
26.
|
Берово
|
19,829
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Пехчево.
|
27.
|
Виница
|
19,063
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Блатец.
|
28.
|
Ресен
|
17,681
|
|
29.
|
Пробиштип
|
16,650
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Злетово.
|
30.
|
Валандово
|
12,092
|
|
31.
|
Крушево
|
12,005
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Житоше.
|
32.
|
Македонски Брод
|
11,022
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка биле создадени општините Пласница и Самоков.
|
33.
|
Кратово
|
10,898
|
|
34.
|
Демир Хисар
|
10,524
|
Според Законот за територијална поделба од 1996 година, нејзината територија била намалена и на нејзина сметка била создадена Општина Сопотница.
|
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|