Бродец (Скопско)
Бродец — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3 жители. Географијa и местоположбаСелото Бродец се наоѓа на Скопска Црна Гора северно од Скопје оддалечено од градот Скопје околу 15 км. ИсторијaВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 77 мажи христијани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители. Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 231 жител.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бродец живееле 200 жители Македонци[3] христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бродец имало 264 патријаршисти. Во 1913 година, во селото биле евидентирани 338 жители. Било центар на Општина Бродец.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5] Население
Според пописот од 2002 година, во селото имало 3 жители, Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 7 Македонци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[6] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРодови во селото се: Влашчани (2 к.) потекнуваат од предок Влав, он најпрво престојувал на планината Спопска Црна Гора, овој род се дели на Гижаровци, Зајчовци и Бостанџиовци; Лабурини (5 к.) и Саламандуровци (4 к.) потекнуваат од двајца браќа доселени од некое село кај Биначка Морава, во родот Саламандуровци се знае следното родословие: Драган (жив на 81 г. во 1969 година) Ацо-Петар-Стефко-Златан, поддалечните предци не ги памтат; Спасовци (4 к.) потекнуваат од предокот Спасо кој бил православен Ром, се доселил од селото Ѓерекара во областа Биначка Морава, го знаат следното родословие: Лазо (жив на 59 г. во 1969 година) Бојко-Цветко-Стефко-Стефан, поддалечните предци не ги знаат.[11] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia