Смилковци
Смилковци (офиц. Смиљковци) — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Црногорија, во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, оддалечено 11 км североисточно од Скопје. ИсторијаПодрачјето на Смилковци е населено уште од римско време за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Смиљковце во селските ниви.[2] Смилковци не се сметало за одделно населено место сè до самиот крај на XX век, туку било маало на Црешево. Како посебно село за првпат е попишано во 2002 г. На 12 април 2012, во атарот на селото, на брегот на Смилковското Езеро се случило грозоморното петкратно убиство. СтопанствоНаселение
Според пописот од 2002 година, селото Смилковци има 345 жители, од кои 341 Македонец и 3 Срби и 1 останат.[3] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 371 жител, од кои 348 Македонци, 2 останати и 21 лице без податоци.[4] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]() Културни и природни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia