Ќојлија се наоѓа во областа Блатија, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Петровец. Селото брои околу 400 жители, се наоѓа на надморска височина од 230 метри и од градот Скопје е оддалечено 16 километри.Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.
Историја
Подрачјето на Ќојлија е населено уште во римско време, за што сведочи наоѓалиштето Селиште.[2]
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ќојлиџе и имало мешано христијанско[3] и муслиманско[4] население, каде имало 29 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 86 мажи христијани, со 10 новороденчиња и 21 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 250 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
411
—
1953
369
−10.2%
1961
576
+56.1%
1971
426
−26.0%
1981
482
+13.1%
Година
Нас.
±%
1991
215
−55.4%
1994
354
+64.7%
2002
400
+13.0%
2021
183
−54.2%
Во минатото селото било населено со Турци кои се иселиле во Турција во текот на педесеттите и шеесеттите години на XX век.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 400 жители, од кои 215 Бошњаци, 179 Албанци, 2 Македонци, 1 Ром и само 3 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 183 жители, од кои 6 Македонци, 92 Албанци, 27 Роми, 42 Бошњаци, 6 останати и 10 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:
Македонски
Доселеници:Колевци (7 к.), Кузмановци (5 к.) и Богдановци (4 к.) потекнуваат од заеднички предок кој се викал Креме. Тој се доселил во селото од прилепско. Тука Креме добил земја и се населил пред повеќе од 280 години. Тој имал тројца синови Петко, Богдан и Ѓорго; Ѓорговци (11 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Миладиновци. И таму биле доселени однекаде. Домазетот влегол во изумрениот по машка линија род Ѓорговци (еден од синовите на Креме); Чачанковци (3 к.) доселени биле од селото Морани; Шоповци (2 к.) доселени се од кумановското село Орашац. Овде се доселиле браќата Веселин и Каравилко. Го знаат следниот родослов: Саздо (жив на 66 год. во 1953 година) Стојан-Мице-Веселин, кој се доселил во брат му; Трајкови или Клинчаровци (1 к.) доселени биле од селото Миладиновци, и таму биле доселени однекаде.
Турски
Доселеници:Исмаиловци (2 к.) биле најстар турски род во селото. Овде живееле од првата половина на 19 век. Потеклото им е од Мала Азија. Не се знае каде живееле пред да се населат во селото; Дураковци (4 к.) доселени биле од селото Миладиновци. Потекнувале од предокот Мустафа, Го знаеле следниот родослов: Таир (жив на 50 год. во 1953 година) Асан-Дурак-Мустафа, кој се доселил од соседното Миладиновци. Припаѓале на групата Коњари: Сулејмановци (6 к.) доселени биле од велешкото село Иванковци. Таму имале роднини, по потекло биле Јуруци. Го знаеле следното родословие: Муарем (жив на 50 год. во 1953 година) Ајдин-Алил, кој се доселил во селото; Ујлија (1 к.) они потекнувале од предок Албанец, кој се доселил од селото Чифлик, овде се оженил со Турчинка и во куќата се говори турски. Во Чифлик овој род припаѓал на истоимениот род, кој бил по потекло од фисот Бериша во северна Албанија.[16]
Иселеништво
Македонското и турското население е иселено во Скопје, Турција и некои околни села (посебно македонското население).[16]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“