Брезица
Брезица — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје. Според некои документи Брезица постоела уште пред IX век. Географија и местоположбаБрезица се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина на надморска висина од 698 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,7 км2, од на обработливо земјиште припаѓаат 147 ха, на пасишта 329 ха и на шуми 661 ха.[2] ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. СтопанствоЗемјоделство, сточарство, живинарство, пчеларство и др. Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Брезниче и било христијанско, каде имало 35 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 135 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 284 жители.[3] Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 160 жители.[4] Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Брезица имало 350 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Брезица имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7] Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 189 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 9 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото Брезица живееле 13 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, селото Брезица има население од 9 жители, сите Македонци и претставува едно од најмалите села во општината и Скопскиот Регион. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБрезица e македонско село. Според истражувањата од 1951 година, родови во Брезица се:
Општествени установиМесна заедница на с. Брезица Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Петровец, која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Петровец. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Петровец. Културни и природни знаменитостиМанастир св.Петка - св.Недела и црква св.Троица. Во селото постои водоводен систем изграден пред 2000 г. Постојат и три јавни селски чешми, четири улици, извиднички дом. Редовни настаниСекоја година на 7 и 8 август во Брезица се собираат некогашните жители по повод Света Петка - Света Недела. На крајот од селото има два манастира едниот Света Петка другиот Света Недела. Има музика и мини панаѓур. Тоа се деновите кога Брезица повторно живнува како некогаш. Исто така во селото се слави и 2 август по старата изрека "Свети Илија" - славниот Илинден од 1903 година. Во селото се слави и 31.01 секоја година, славата е зимски Свети Атанас кој се слави и пошироко во околните населени места. ЛичностиПанче Трајковски, Благоја Смилевски, Симо Божиновски, членови на селско — црковниот одбор како и многубројни луѓе во минатото. Култура и спортИзвиднички дом "Јадран". ИселеништвоПостои село - град на жалост. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia