Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинскиот центар Петровец и на 30 километри југоисточно од градот Скопје.
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Пржали сместено на 5 км источно од него.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 850 Турци.[4]
Во 1991 година во Средно Коњари живееле 818 жители, од кои 599 Албанци, 90 Турци, 3 Роми и 410 останати.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.140 жители, од кои 668 Албанци, 61 Турчин, 402 Бошњаци и 9 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.211 жители, од кои 7 Македонци, 608 Албанци, 89 Турци, 2 Роми, 462 Бошњаци, 2 останати и 41 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.218
1953
—
—
1.260
7
—
—
...
—
—
1.267
1961
1
87
694
...
...
—
...
84
—
874
1971
—
389
311
—
...
—
...
142
—
842
1981
2
478
176
—
—
—
...
433
—
1.089
1991
—
304
75
1
—
—
—
438
—
818
1994
—
599
90
3
—
—
—
410
—
1.102
2002
—
668
61
—
—
—
402
9
—
1.140
2021
7
608
89
2
—
—
462
2
41
1.211
Во пописните години од 1961 - 1994, најголем дел од жители, кои се запишани под останати, всушност претставуваат Бошњаци, кои во соодветните пописи немало можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови
Средно Коњари порано било турско село. Но денес преовладуваат Албанците и бошњаците во селото:
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:[8]
Доселеници:Еселер (27 к.), Агушлар (45 к.), Гунгалар (20 к.), Исеинлер (25 к.), Јонузлар (36 к.), Бичкалари (30 к.), Турколар (18 к.) Ќеримлери (18 к.) и Каранџалар (13 к.) првиот род е најстар во селото. Сите турски родови се доселени кон крајот на XVIII век од Мала Азија. Во последниот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 65 г. во 1953 година) Дурмиш-Демир-Шериф-Таир, кој се доселил од Мала Азија.
Од 1912 до 1953 година од селото се иселиле околу 100 турски семејства, и тоа во. Скопје (50 семејства), Велес (6 семејства) и во Турција (45 семејства). Иселувањето на турското население продолжило и после 1953 година и водело исклучиво кон Турција.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 8,08,1. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)