Бунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје.
географска локација: Илинден, Скопје, Македонија, Европа
Географски координати: 41 ° 59 '36 "North, 21 ° 37' 1" Исток
Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е сместен на 3 км оддалеченост од локацијата.
Бунарџик, поглед од црквата Свети Спас
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Емир Ханли со христијанско население, каде имало 13 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.[2]
Според истражувањата од 1961 година, родови во Бунарџик се:
Доселеници:Златановци (11 к.) доселени се од селото Дивле, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1961 година) Ристо-Златан, основачот на родот кој се доселил; Чадлевци (5 к.) доселени се однекаде; Коњарци или Филиповци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари; Качаровци (5 к.) и Роглевци (3 к.) доселени се од селото Инџиково; Петковци (4 к.), Анѓелковци (2 к.), Пешевци (4 к.) и Ивковци (5 к.) доселени се од селото Ајватовци, подалечно потекло непознато; Бојан (1 к.), Тодор (1 к.), Младен (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се во 1953 година од селото Црноштица кај Босилеград (Србија). Останатите родови во селото живеат од турско време.[15]
Општествени установи
Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.
Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“