Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 71 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 156 жители.[2]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
399
—
1953
410
+2.8%
1961
404
−1.5%
1971
492
+21.8%
1981
408
−17.1%
Година
Нас.
±%
1991
3
−99.3%
1994
479
+15866.7%
2002
559
+16.7%
2021
798
+42.8%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 559 жители, од кои 1 Македонец, 557 Албанци и 1 Бошњак.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 798 жители, од кои 2 Македонци, 754 Албанци, 5 Бошњаци и 37 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Цан (29 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 80 г. во 1940-тите) Ислам-Сејфула-Хусеин-Цан, предокот кој се доселил.
Никиштан (21 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Од таму се иселиле најпрво во селото Никиштане, по кое и го добиле името. А од таму во Семениште.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“