Рашче (албански: Rashçja) — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.697 жители.
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 67 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 237 мажи муслимани, со 35 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 554 жители.[2]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
1.474
—
1953
1.590
+7.9%
1961
1.450
−8.8%
1971
1.581
+9.0%
1981
1.814
+14.7%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
2.363
—
2002
2.697
+14.1%
2021
2.835
+5.1%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.697 жители, од кои 2 Македонци, 2.677 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 2 Бошњаци и 14 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.835 жители, од кои 1 Македонец, 2.760 Албанци, 1 останат и 73 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“