Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 22 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 104 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 222 жители.[2]
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[3] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[4]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
443
—
1953
469
+5.9%
1961
552
+17.7%
1971
535
−3.1%
1981
510
−4.7%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
580
—
2002
580
+0.0%
2021
639
+10.2%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 580 жители, од кои 577 Албанци, 2 Бошњаци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 639 жители, од кои 602 Албанци и 37 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Ибишалар (15 к.), Миналар (14 к.), Исафалар (19 к.) и Вјш или Долдур (19 к.) сите се доселени од фисот Бериша во северна Албанија. Доселени се пред повеќе од 200 години.[12]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“