Паничари — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 261 жител.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Општина Сарај. Селото е планинско.
Историја
Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската каза, Отоманско Царство. Според податоците на Васил К’нчов, селото во 1900 година имало населениеод 165 жители Албанци муслимани.[2] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 23 куќи со 174 жители Албанци.[3]
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници
Кокош (18 к.) за нивното потекло ништо не се знае, или несакаат да кажат. Возможно е да се староседелци.
Мирте (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле двајца браќа. Едниот се населил во селото Арнакија, а другиот во Паничари. Потомците на двајцата браќа и денес се сметаат за блиски роднини. Овде живеат од средината на XIX век.[12]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“